F.A.Q

Периодот за испорака е не подолго од 72 часа, освен во случај на викенд денови или државни и верски празници (неработни денови). Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Доколку станува збор за процесирање на нарачка за производ кој не е достапен моментално на залиха, возможна е нарачка, со период на испорака од 21 ден. Доколку производот не биде достапен или испорачан во истиот рок, купувачот има право на поврат на средствата во целост.

Јепуда ДООел увоз извоз Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку наша сопствена дистрибутивна мрежа и преку служба за испорака на пратки, зависно од адресата.

Испорака се врши секој работен ден од 10 до 20 часот и во сабота од 10 до 14 часот. Во недела и државни празници не се врши испорака.